Sony Xperia E4 Dual - Интернет and MMS поставки

background image

Интернет and MMS поставки

За испраќање мултимедијални пораки или за пристап на Интернет кога нема достапна Wi-Fi®
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за Интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:

За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за Интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете со користење на Интернет и да
испраќате мултимедијални пораки.

Во некои случаи, ќе ја добиете опцијата за преземање на поставките за Интернет и MMS првиот
пат кога ќе го вклучите уредот со вметната SIM-картичка. Овие поставки можете и подоцна да ги
преземете од менито Поставки.

Може во секое време рачно да ги додадете, измените или избришете поставките за Интернет и
MMS во уредот. Ако промените или избришете поставка за Интернет или MMS по грешка,
преземете ги повторно поставките за Интернет и MMS.

Ако не можете да пристапите на Интернет преку мобилна мрежа или ако не функционираат
мултимедијалните пораки, дури и тогаш кога поставките за интернет и ММЅ се успешно преземени
во вашиот уред, погледнете ги советите за решавање проблеми на www.sonymobile.com/support/
за мрежна покриеност, мобилни податоци и MMS.

Ако режимот STAMINA е активиран, целокупниот мобилен сообраќај на податоци се става
на пауза кога екранот е исклучен. Ако ова предизвикува проблеми со конекцијата,
обидете се да исклучите некои апликации и услуги од паузирање или привремено
ислучете го режимот STAMINA. За повеќе информации, погледнете Преглед на
функцијата на STAMINA-режимот
на страницата120 .

Преземање поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Поставки за интернет.

3

Одберете ја SIM- картичката, или SIM-картичките за коишто сакате да ги преземете
поставките за Интернет и ММЅ.

4

Допрете го Прифати. Откако успешно ќе ги преземете поставките, во лентата за статус
се појавува , а мобилните податоци се вклучуваат автоматски.

Доколку поставките не може да се преземат на уредот, проверете ја јачината на сигналот
од мобилната мрежа. Преместете се на отворена локација без пречки или приближете се
до прозорец и обидете се повторно.

Проверување дали мобилни податоци се вклучени или исклучени

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Проверете дали полето за избор Сообраќај на мобилни податоци е обележано
или не.

28

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Рачно додавање поставки за интернет и MMS

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Имиња на пристапни точки > .

5

Допрете Име и внесете име по желба.

6

Допрете APN и внесете го името на пристапната точка.

7

Внесете ги сите други информации како што се бара. Доколку не знаете кои информации
се бараат, контактирајте со мрежниот оператор за повеќе детали.

8

Кога ќе завршите, допрете jа опцијата , па потоа опцијата Зачувај.

9

За да одберете APN што сте ја додале, допрете го радио-копчето покрај името на APN.
Штом е одбрана, оваа APN станува стандардна APN за интернет и MMS услуги.

За да ги видите преземените поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Мобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете го Имиња на пристапни точки.

5

За да видите повеќе детали, допрете на која било од достапните ставки.

Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележано копче .