Мени на почетниот екран на Walkman®
Менито на почетниот екран на Walkman® ви дава преглед на сите песни на уредот. Оттука може
да управувате со албумите и листите со песни и да ја организирате музиката по расположение и
темпо со користење на SensMe™ channels.
Отворање на менито на почетниот екран за Walkman®
1
Од Почетен екран, допрете ја опцијата , па најдете и допрете ја опцијата .
2
Влечете го левиот агол на екранот во десно.
72
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Враќање на почетниот екран на Walkman®
•
Кога менито на почетниот екран на Walkman® е отворено, допрете Почетна страница.
•
Кога менито на почетниот екран на Walkman® е отворено, допрете на екранот десно од
менито.
Ажурирање на музиката со најновите информации
1
Од почетниот екран на Walkman®, допрете .
2
Допрете Преземи инфор. за музиката > Вклучи. Уредот пребарува на интернет и
ги презема најновите достапни информации за албум артот и за песните во вашата музика.
Апликацијата SensMe™ channels се активира кога преземате музички информации.
Вклучување на апликацијата SensMe™ channels
•
Од почетниот екран на Walkman®, допрете , потоа допрете Преземи инфор. за
музиката > Вклучи.
Оваа апликација бара конекција на мобилна или Wi-Fi® мрежа.
Уредување музички информации
1
Од апликацијата Walkman®, допрете .
2
Допрете Уредув. инф. за музиката.
3
Внесете ги новите информации или направете ги саканите промени.
4
Кога ќе завршите, допрете Зачувај.
Бришење песна
1
Од менито на почетниот екран на Walkman®, пребарајте ја песната што сакате да ја
избришете.
2
Допрете и држете го насловот на песната, па допрете Избриши од листата што ќе се
појави.
3
Допрете повторно Избриши за да потврдите.