Користење повеќе SIM-картички
Вашиот уред работи кога се вметнати едната или двете SIM-картички. Дојдовната кломуникација ја
добивате на двете SIM-картички и можете да одберете од кој број ќе ја воспоставите појдовната
комуникација. Пред да ги користите обете SIM-картички, треба да ги вклучите SIM-картичките во
менито за поставки на уредот. Доколку двете SIM-картички се заклучени со PIN код кога го
вклучувате вашиот уред, можете да изберете да отклучите и да користите само една SIM-
картичка. Со други зборови, можете да ја прескокнете едната заклучена SIM-картичка.
Исто така, можете да проследувате повици што доаѓаат на SIM-картичката 1 до SIM-картичката 2,
кога SIM-картичката 1 не е достапна и обратно. Оваа функција се нарекува Двојна достапност на
SIM-картичка. Мора мануелно да ја вклучите. Видете Препраќање повици на страницата 52 .
Вклучување или исклучување на употребата на две SIM-картички
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Поставки за двојна SIM.
3
Обележете ги или отстранете ја ознаката од изборните полиња SIM1 и SIM2.
Преименување SIM-картичка
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Поставки за двојна SIM.
3
Одберете SIM-картичка и внесете ново име за неа.
4
Допрете ја опцијата OK.
Премостување заклучена SIM-картичка, кога двете SIM-картичка се заклучени
1
Вклучете го уредот и одберете ја SIM-картичката којашто сакате да ја отклучите.
2
Внесете го соодветниот PIN и допрете ја опцијата
. Одбраната SIM-картичка станува
отклучена.
3
Кога ќе биде побарано да внесете PIN за втората SIM-картичка, допрете ја опцијата
Прескокни. Се појавува почетниот екран и сега можете да го користите уредот со една
вклучена SIM-картичка.
Вклучување заклучена SIM-картичка
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Поставки за двојна SIM.
3
Одберете ја заклучената SIM картичката.
4
Внесете го соодветниот PIN.
Заклучената SIM-картичка можете да ја вклучите и од паното за известување.