Sony Xperia E4 Dual - Ограничување на повици

background image

Ограничување на повици

Можете да ги блокирате сите или одредени категории на дојдовни и појдовни повици. Доколку сте
примиле PIN2-код од обезбедувачот на услуги, можете исто така да користите листа со броеви за
фиксно бирање (FDN) за да ги ограничите појдовните повици. Доколку сакате да блокирате
одреден број, посетете ја и преземете апликации од Google Play™ што ја поддржуваат оваа
функција.

Блокирање дојдовни или појдовни повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Забрана за повици, па одберете опција.

5

Внесете ја лозинката и допрете Вклучи.

Кога за првпат ја дефинирате блокадата за повици, треба да внесете лозинка за
активирање на функцијата на блокирање повици. Истата лозинка мора да ја внесете и
ако подоцна сакате да ги уредувате поставките за блокирање на повиците.

Вклучување или исклучување на фиксното бирање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Броеви за фиксно бирање.

3

Допрете Активирај фиксно бирање или Деактивирај фиксно бирање.

4

Внесете го својот PIN2 и допрете OK.

52

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Пристапување до листата на прифатени примачи на повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Броеви за фиксно бирање >
Броеви за фиксно бирање.

За да се промени PIN2 на SIM-картичката

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Броеви за фиксно бирање > Промени PIN2.

5

Внесете PIN2 од старата SIM-картичка и допрете OK.

6

Внесете PIN2 од новата SIM-картичка и допрете OK.

7

Потврдете го новиот PIN2 и допрете OK.