Навигација на апликации
За навигација меѓу апликации користете ги копчињата за навигација, лентата со омилени и
прозорецот за неодамна користени апликации, коишто ви овозможуваат лесно да се префрлате
меѓу неодамна користените апликации. Некои апликации се затвораат кога ќе притиснете за да
излезете, а други се паузирани или продолжуваат да работат во заднина. Доколку апликацијата е
паузирана или се извршува во заднина, може да продолжите каде што сте застанале при
наредното отворање на апликацијата.
1
Прозорец со неодамна користени апликации – Отворете неодамна користена апликација
2
Лента со омилени – Користете кратенка за пристап до апликации или елементи
3
Копче за навигација на задачи – Отворете ги прозорецот со неодамна користени апликации и лентата со омилени
4
Копче за почетен екран – Излезете од апликација и вратете се на почетниот екран
5
Копче за назад – Вратете се на претходниот екран во апликацијата или затворете ја апликацијата
За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации
•
Притиснете го
.
Затворање на сите неодамна користени апликации
•
Допрете
, а потоа допрете Затвори сè.
Отворање на мени во апликација
•
Додека ја користите апликацијата, притиснете .
Менито не е достапно во сите апликации.