Статус и известувања
Иконите на лентата за статус ве информираат за нови настани како што се нови пораки и
известувања од календарот, активностите што се во тек, како што е преземањето на датотеки и
информациите за статус како што е нивото на батеријата и јачината на сигналот. Може да ја
повлечете лентата за статус надолу за да го отворите паното со известувања и да ракувате со
нив. Може и да ги прилагодите иконите и известувањата така што ќе одберете кои системски икони
да се прикажат во лентата за статус и на кои апликации им е дозволено да испраќаат
известувања.
Отворање или затворање на паното за известување
Дејствување на известувањето
•
Допрете го известувањето.
22
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Исклучување на известување од паното за известување
•
Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.
Бришење на сите исвестувања од паното за известување
•
Допрете Изб..
Светло за известување
Светлото за известување ве информира за статусот на батеријата и за некои други настани. На
пример, трепкачкото бело светло значи дека има нова порака или пропуштен повик.